🏠Дома🛍️Производи☰Категории🛒Кошница

Политика за приватност

Последно ажурирање: Август 2026

За нас

Biser.mk е онлајн продавница од Охрид, која продава широк асортиман на производи за домот и секојдневна употреба. На нашата онлајн страница во делот од понудите има мебел за дом и градини, велосипеди за деца и возрасни, детски играчки и возила на акумулатор, SUP Даски и сезонска опрема, чадори, трамболини и други производи за двор и рекреација. Продавницата е со седиште во Охрид, истата како онлајн веб страна на која што можете да ги купите нашите производи врши достава низ територијата на Република Северна Македонија.

Контакт телефон: 070 304 767
Емаил адреса: info@biserimport.mk

Работно време и начин на вршење на услуги

Работно време: од понеделник до петок од 09:00 часот до 17:30 часот, сабота од 09:00 часот до 13:00 часот.

Доставата на производите ја вршиме во рок од 1-3 дена за град Охрид, а од 2-5 дена за останатите градови низ територијата на РСМ.

Можност за поврат на производите во рок од 14 дена во оригинална состојба и пакување. Постои алтернативна можност плаќање на производите и тоа кеш при достава и онлајн плаќање со картичка.

Информации за заштита на лични податоци и начинот на нивна обработка

Оваа политика за приватност го уредува начинот на кој Трговско друштво за производство, трговија и услуги увоз-извоз РИДЕР- БИ ДООЕЛ Охрид, со седиште на улица ,,7-ми Ноември’’ број 181 Охрид, со ЕМБС 7641181, со приоритетна дејност ,,Друга неспецијализирана трговија на мало,, претставувано од овластено лице- управителот Јованчо Богданоски од Охрид, со адреса на улица ,,Димитар Влахов’’ број 33А-1/3 Охрид, со подружница Базаро - Охрид, со приоритетна дејност - трговија на мало со мебел, опрема за осветлување и други предмети за домаќинства, во специјализирани продавници, ги собира, обработува, користи, чува и заштитува личните податоци на посетителите и корисниците на веб страницата https://www.biser.mk/, онлајн продавница за производи.

Компанијата постапува во согласност со Законот за заштита на личните податоци согласно законските одредбите предвидени во членовите од 16 до 25 од цитираниот закон, а согласно начелата на законитост, транспарентност и правичност.

Со користењето на веб страницата, корисникот потврдува и е согласен со користењето на оваа политика за приватност.

Контролор на лични податоци и обработувач

Контролор на личните податоци е Трговско друштво за производство, трговија и услуги увоз-извоз РИДЕР- БИ ДООЕЛ Охрид. Овластено лице за обработка на личните податоци кои се однесуваат собирање, обработување, користење, чување и заштита на личните податоци на посетителите и корисниците на веб страницата https://www.biser.mk/, е Христијан Богданоски, овластено со одлука од контролорот.

Контролор:

E-mail: info@biserimport.mk

Тел. 070 304 767

Обработувач:

Тел. 070 304 767

Емаил: info@biserimport.mk

Лични податоци кои се обработуваат

Во зависност од начинот на користење на веб страната, Компанијата може да ги обработува следните категории на лични податоци: Име и презиме, Адреса на испорака, Телефонски број, Податоци за фактурирање, Историја на нарачки, ИП-адреси, Информации за производите.

Личните податоци што ги прибираме, во обем утврден со деловните и со други потреби и според согласноста добиена од субјектите на тие податоци.

Компанијата не обработува посебни лични категории на лични податоци, освен ако тоа не е законски дозволено.

Целта за која се обработуваат личните податоци

Обработка и испорака на нарачки, Комуникација со купувачот, Подобрување на услугите, Спречување измама и злоупотреба. Компанијата не продава, не изнајмува и не ги отстапува личните податоци на трети лица за нивни маркетинг цели.

Времетраење на чување на личните податоци

Податоците се чуваат онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани. По истекот на роковите, податоците се бришат, анонимизираат или се уништуваат на безбеден начин.

Информации за евентуална штета

Веб страницата не е наменета за лица помлади од 18 години, без согласност од родител или старател.

Компанијата презема разумни мерки за заштита на личните податоци, но не одговара за штета што настанала како последица на трето лице, хакерски напади, прекин на интернет, околности што претставуваат виша сила или постапување спротивно на упатствата од страна на корисникот, односно ако штетата е настаната поради неправилна или несоодветна употреба на производот од страна на купувачот, купувачот знаел за недостатокот на производот и бил известен, ако дефектот не постоел во моментот на продажбата, ако производот бил изменет, поправен или оштетен по продажбата и ако во моментот на пуштање во промет - производот бил исправен и без недостатоци.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за вашата посета на нашата веб страна, освен во следните случаи како по барање на суд, полиција и други органи во вршење за своите законски надлежности и само ако постои основ за тоа.

Кои се вашите права

Принципот на отчетност и транспарентност е фундаментален принцип на секој систем за заштита на личните податоци. Лицата имаат право на информации, пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, преносливост на податоци, право да не бидат предмет на автоматско донесување индивидуални одлуки, вклучувајќи и профилирање.

Лицата-Корисниците имаат право на:

  • Право на приговор до надлежниот орган
  • Право да се побара бришење на податоци
  • Барање на исправка на податоци

Потребно време за одговор на поднесено барање

Соодветен одговор на Вашето барање по однос на бараните информации ќе Ви ги доставиме што е можно поскоро, но не подоцна од законски утврдениот рок од еден месец од приемот на вашето барање. По потреба рокот може да се продолжи за уште еден месец поради сложеноста и бројот за барањето, но во секој случај ќе бидете контактирани по однос на вашите барања.

Контакт: Тел. 070 304 767
Емаил: info@biserimport.mk

Политика за приватност може привремено да се ажурира, а согласно потребите за евентуални можни промени. Во случај на промена на информациите на веб-страницата, корисниците ќе бидат соодветно информирани согласно начелото на транспарентност и законитост.